ГОСТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

Кошарка

Викендов е 8. рунда на Втората кошаркарска лига. Екипата Мега баскет е гостин на Ангели во Скопје. Прилепскиот тим се бори да биде подалеку од дното. Но, на претходниот меч немаше шанса дома со лидерот МКК Куманово (пораз со 71:93), така што следната можност е со Ангели. Есенва Мега баскет има две победи, Ангели има четири. Прилепската екипа има нов кошаркар – Благоја Велески.

На табелата води МКК Куманово со 14 бода.

Loading