СОНЦЕВИОТ ГРАД ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ

Патепис на Виктор Александрович Каминскиј од Одеса, кој во 2011 година го посетил Прилеп

-Раскажувам за една земја, каде најверојатно се најниските цени во цела Европа, за градот, каде што скоро сите се невработени и каде пивото е поевтино од водата и млекото

Конечно пристигнавме во градот-херој Прилеп. Никогаш не би дознал дека постои таков град, ако не учев на Универзитетот со еден негов жител пет години заедно во иста клупа. Во многуте години дружба, се наслушав многу интересни нешта за Македонија, а особено за Прилеп.

По две години од дипломирањето, го одржам ветувањето да појдам во татковината на мојот другар. Ја запознав земјата и многу нови места. Правејќи го тоа со некој од жителите е поразлично искуство. Затоа постоеше чувство како дома.

Прилеп е мал град со околу 60.000 луѓе, вклучувајќи ги и селата. Во војната била воспоставена бугарската окупација, против која локалните партизани успешно се бореле. Поради тоа градот добил титула – народен херој од страна на Маршалот Тито. На централниот плоштад е споменикот на Александар Велики, на кој е преставена територијата на некогаш моќната Македонска империја. Блиску е градското собрание каде се вее државното знаме и други помали споменици на локалните дејци. Еден од нив многу наликува на Ленин. Пешачката зона е поплочена со мермер, кој се ископува во близина на градот. Има мали паралелни улички на кои се наредени локалните кафулиња и бутици, како во повеќето стари градови. Покрај слабата економија, сé е многу добро одржано, чисто и културно. Според мојот пријател, градот го сменал ликот последните години, иако местото не е туристичко, а понекогаш запираат намерници. Голем настан е Фестивалот на пивото во јули, кога во градот доаѓаат над 50.000 луѓе од целата земја. Во центарот е разурнатата џамија и Градската саат кула од турскиот период. Во 2001 година избувнал воен конфликт меѓу Албанците и населението на Македонија. Војната се чувствувала во целата земја. Покрај тоа што 99 отсто од Прилеп е населен со Македонци, не успеал да избега од крвопролевање. Загинале 10 прилепчани. Гневот луѓето го искажале со нереди, во кои изгорела џамијата, чие минаре населението го нарекува ракета. Таа е потсетник на тажните настани. Нема муслимани и не е обновена. На загинатите Македонци во конфликтот им е подигнат споменик.

Во Југославија работеле мноштво претпријатија. Повеќето се уништени или доживуваат комплетен пад на производството и економијата. Македонија, и без тоа, не беше напредна толку во Југославија. Фукционираат неколку големи фирми. Пиварницата  која ги произведува брендовите Златен даб и Крали Марко и полни сокови по лиценца на Пепси, фабриката Витаминка, која произведува главно кондиторски производи, како и сите видови на зачини и сосови, па Мермерниот комбинат… Многумина не се вработени. Затоа центарот е полн со млади и пензионери кои доаѓаат на муабет. Кафулињата се полни до последно место. На лето, момчињата и девојките, возрасните, главно се разладуваат со пиво. Открив дека пивото е поевтино од минералната вода. Најзадоволен  сум од цените на храната и облеката. Како да е некој вид на комунизам. Оброк за двајца, салати, топли јадења, месо, десерт, плус пијалок чини максимум од 10 долари по лице. Сé е свежо, природно, локално и многу вкусно. Низ продавниците, стоките се главно турски. Цените се смешни – 5 до 15 долари со соодветен квалитет. Но, релативно се високите цени на бензинот. На пумпите еден литар бензин е околу 1,35 евра. Во Прилеп живеат луѓе со европските цени на бензинот, со разумни цени за храната и облеката и со плати кои не се разликуваат многу од просечните украински или руски.

Македонија одамна ги исполнила сите барања на ЕУ. Ќе беше влезена во ЕУ, доколку не Грција со години го блокира влезот на Македонија во ЕУ. Целата работа е во името на земјата. Грција смета дека Македонија е историското име на областа во северниот дел на нивната земја, а Македонците се сметаат како посебна нација и одбиваат да го сменат името на својата земја. Патем, официјалното име на Македонија е Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонците слободно патуваат во сите земји на ЕУ. Тоа им дава шанса да најдат подобар живот. Домаќините и сите Македонците се многу патриотски народ… Тука патриотите се апсолутно мнозинство. Покрај секојдвните проблеми, сите го задржале борбениот оптимизам.

Центарот може пешки да се прошета за половина час. Центарот е покриен со бесплатен интернет со добра брзина Не е лошо за една сиромашна земја.

Генерално Прилеп остава пријатно чувство на заспан провинциски град со во кој живеат пријателски настроени луѓе. Не е толку атрактивен за туристите, но дава многу реална слика на животот на луѓето во Македонија.

Loading