ПРВА БЕРЗА НА ВИНИЛИ

Прилеп првпат организира берза на винили. Идејата на дискофилот Блаже Томески – Биџо е излагачите да им понудат на музичките познавачи и љубители, ретки и вредни плочи. Ќе може да се купат изложени на едно место, а да не е онлајн. Тоа ќе биде можност за уживање и за продавачот кој е вљубеник во винили и одличен познавач на музиката и за купувачот за кој нема да биде само обичен пазар, на ти – дај ми. Прилеп има пасионирани колекционери на винили. Настанот е шанса за дружење и да се обноват колекциите. 

Во Прилеп се враќа интересот за плочите, привлекувајќи ги и младите кои никогаш не слушале музика од винил плочи, ниту од аудиокасети и цедеа.

Настанот ќе се реализира на 3 септември, од 12 до 18 часот во Таверна клубот.

Loading