ДА ИМАШЕ ВАР…

Фудбал: Победа

Во Куманово екипата Победа со 2:1 загуби од Башкими, во 2. рунда од Втората фудбалска лига. Иако во скромно издание, прилепскиот тим можеше до бод. По единствениот гол на Беким Алимоски во 78. минута, истиот играч имаше шанса за израмнување, но голманот одбрани. Спорен е вториот гол за кумановците, бидејќи стрелецот Егзон Азири на снимката како да е во офсајд. Од ФФМ во анализата тврдат дека немало офсајд, па штета што се уште нема ВАР-систем во нашиот фудбал.

Како и да е, следат два меча дома за Победа, со Охрид и со Осогово. Првиот е в сабота во 16 часот.

Табела: Беса, Пелистер, Детонит, Кожуф, и Башкими по 6, Победа, Арсими, Новаци и Тетекс 3, Скопје и Саса 1, Охрид, Вардар (Н), Караорман, Беласица и Осогово 0.

Loading