ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК И ДВИЖЕЊЕ ЗА ЗДРАВО СРЦЕ

Многу луѓе внимаваат на срцето, но не доволно вежбаат или прават промени во исхраната. Малите промени даваат големи резултати.

Еден од најважните чекори за срцето е еден час вежбање во неделата. Доколку, се вежба повеќе, подобро е за срцето и за целиот организам. Еден час неделно не е многу, а придобивките се големи.

Стручњаците препорачуваат пет порции овошје и зеленчук дневно за енергизирање на срцето. За појадок една порција овошје или зеленчук. Помеѓу оброците пак е пожелно некое овошје или зеленчук. Најдобро е ако се стекне навика на овошје или зеленчук. Без преокупација со храната која не треба да се јаде.

10 минути умерена физичка активност дневно не е доволно но е доволно за почеток да се стигне до 30 минути или неделно вежбање до 90 минути. Тоа го намалува ризикот од срцева болест за половина. Се исплати овој влог во здравјето. Затоа, добро е да се шета и да се качува по скали или било какво движење. Многумина, по редовното вежбање, го интензивираат движењето што е знак дека нивната кондиција почнала да се подобрува.

Квалитетниот сон од осум часа е добар за здравјето на срцето. Младите посветуваат малку внимание на важноста на спиењето.

Лекарите предлагаат промени во интерес на здравјето и придржување кон овие неколку правила за квалитет на животот.

Loading