ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ” НА ОЛИПИЈАДАТА ПО ХЕМИЈА ВО ЦИРИХ

БРОНЗА ЗА ПЕТАР МИРЧЕВСКИ

На 55-тата интернационална олимпијада по хемија, во Цирих, Швајцарија на која учествуваа натпреварувачи од целиот свет, гимназијалецот Петар Мирчевски освои бронзен медал. Од македонскиот натпреварувачки тим, бронза освоија и средношколец од Штип и од Скопје, под водство на професорки од ПМФ од Скопје.

Успехот Мирчевски го постигна под менторство на проф. Блаже Димески од гимназијата „Мирче Ацев”. Мирчевски е млад хемичар, кому, со учеството на натпреварите, ќе му бидат отворени вратите на сите светски  универзитети.

Loading