НОВ ТРЕНЕР ВО ПОБЕДА

Фудбал

За разлика од некогаш, сега се случуваат набрзо промени во спортските клубови. Така и во Победа. Есента во Првата лига беше еден тренер (Бобан Бабунски), пролетоска друг (Благојче Дамевски) со многу промени во играчкиот кадар. Истото може да се очекува летово, во пресрет на првенството од Втората лига. Клубот одлучил да бара нов шеф на Стручниот штаб (наместо Благојче Дамевски). Извесни се промени и кај фудбалерите. Треба да се сочека да се види колку досегашни фудбалери ќе бидат задржани. Потоа празните места веројатно ќе се пополнат со повратници – прилепчани и со младинци кои се истакнале со својот талент и квалитет, и бараат шанса меѓу сениорите. Ова, на некој начин е очекувано, поради тешката финансиска ситуација. Се ќе станува појасно по 15 јуни, кога стартува преодниот рок, особено на почетокот од јули кога ќе биде првиот клупски собир на Градскиот стадион.

Во следното првенство од Втората лига, Победа ќе ги има овие ривали: Скопје, Пелистер (Битола), Детонит (Радовиш), Беса и Аресими (Гостивар), Охрид, Кожуф (Гевгелија), Беласица (Струмица), Караорман (Струга), Саса (Каменица), Тетекс (Тетово), Вардар (Неготино), Башкими (Куманово), Осогово (Кочани) и Новаци.

Loading