ДЕТСКИ ПРЕТСТАВИ НА ФЕСТИВАЛОТ “СИЛЈАН ШТРКОТ”

“Театарската уметност е одлика на јавната свест, националната култура и огледало на животот на народот. Момент кој се случува сега и овде и кој те тера да реагираш. Театарот е креативна продукција. Да го преведеме зборот театар,  треба да кажеме дека тој е спектакл. Театарот е посебно место. Се фрлате во светот на детството, безгрижноста и радоста. За театар, мора да има публика”.      Вака велат од фестивал за деца “Силјан Штркот”.

Денеска (петок) е резервиран за “ЈОВАНЧЕ И МАРИКА”  на Театар Бабец Битола од 12 часот во салата на театарот “Војдан Чернодрински”. Затворањето е утре (сабота) од 120 часот  во ЦК “Марко Цепенков” со “ДАЈТЕ МУЗИКА”.

Утре од 11 часот ќе се промвира драмска детска литература. Ќе се претстават драмските текстови “Буна и Тули” на косовскиот автор Ариан Красниќи и “Небо без рамка” на турската писателка Сема Али Ерол.

Фестивалот се отвори со претставата за деца “ТОБИ”  на Театарот за деца и младинци Скопје, а вчера младите уживаа во “РИБАРОТ И РИПКАТА” од Театарот Колозов.

Loading