БЕЛ ДЕН ЗА „ДОБРИТЕ ДЕВОЈКИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ПРЕД ПОЛНОЌ“

Нова книга на Лина Димоска

Новата творба на младата авторка Лина Димоска, “Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ” е новела за обидот на млада хероина која се соочува со минатото. Низ траумите од детството, ја открива слободата и ги достигнува можностите на поубавиот живот. Приказната е испреплетена со мрачното минато, обидите да се создаде светла иднина и да се извлече на површина најдоброто од себе.

– Се случи спонтано. Ја напишав во кус период, па работев на детали и финеси. Првото претставување беше на Саемот на книгата во Скопје. Уживав како и во мојот роден град – вели авторката.

Ова и е втора книга на Димоска. Лани ја објави збирката поезија “Љубовните писма за еден прилепчанец”.

Нејзини творби се објавени во Зборникот на прилепски автори.

Loading