ВРАЌАЊЕ НА СЕТИЛОТО ЗА МИРИС И ВКУС

Разни фактори предизвикаат опструкција на дишните патишта. Инхалацијата со пареа помага да се вратат сетилата за мирис и за вкус. Влажната и топла пареа го ублажува воспалението и ги чисти блокираните дишни патишта.

Се загрева вода до зовривање во сад и се додаваат неколку капки етерично масло од мента или евкалиптус. Се покрива главата со крпа и се вдишува пареата неколку минути, додека може да се издржи. Постапката се повторува неколкупати дневно.

Ако загубата на вкус и на мирис е предизвикана од синуситис, настинка или инфекција на респираторните патишта, може да се реши со лута пиперка. Таа содржи компонента за ублажување на затнатите дишни патишта и се стимулира лачење на плунка, што го враќа сетилото за вкус.

Се мешаат третина лажичка лута пиперка и лажичка мед. Се раствораат во чаша топла вода. Содржината се пие и се повторува 2-3 пати дневно да се разбие густиот секрет (шлајмот) и да се стимулира лачење на плунка. Лутата пиперка се користи за готвење за стимулација на плунковните жлезди. Може да се користи и црниот пипер.

Лимоновиот сок помага во враќањето на сетилото за мирис и за вкус. Тој е богат со витамин Ц, антиоксидант, кој го јакне имунитетот и помага во борбата со инфекциите и разни болести.

Се цеди лимон во чаша топла вода. Се додаваат две лажички мед. Се пие двапати дневно. Меѓу оброците се јаде мало парче лимон за стимулација на непцето. Неколку капки лимон се капнуваат на шамивче и се вдишува наутро и навечер по неколку секунди неколку седмици.

Добро е да се користат вазоконстриктивни лекови, капки за навлажнување на носната шуплина. И растворот со морска сол обезбедува доволна влажност во просторијата каде се престојува. Добро е и консумирање на витамини од Б групата и мултивитамини за обновување на нервните клетки.  Да се јаде здрава храна, да се пие доволно и да се исклучат никотинот и алкохолот. Пожелен е и третман на носот со солени раствори, кои го подобруваат пристапот на рецепторите.

Loading