СМОКВИТЕ СЕ УНИВЕРЗАЛЕН ЛЕК

Смоквите се јаделе пред 11000 години. Свежите се кус период. Сувите смокви и џемовите ги заменуваат потребите за јаглехидрати на организмот. Помагаат за градбата на посилни коски. Содржат потребни магнезиум, калциум и витаминот К2. Калциумот без магнезиумот е инертен. А без витаминот К2, калциумот се одалечува од коската. Добри се за здравјето на срцето. Со минимизирање на талогот од калциум во крвните садови, магнезиумот и калиумот од смоквите го одржуваат здравјето на срцето и нормалниот крвен притисок. Тие се богат извор на растителни влакна кои помагаат во бавното варење и предизвикуваат чувство на ситост. Во мали количества го регулираат шеќерот во крвта. Помагаат и при смирување на синдромот  на нервозно дебело црево. Дел од влакната го чистат отпадот од дебелото црево и го елиминираат запекот. Ја регулираат телесната тежина. Го намалуваат нивото на триглицериди во крвта, кои се релевантни маркери за срцеви заболувања, дебелина и холестерол.

Сувите смокви се на врвот на листата на суво овошје богато со антиоксиданси. Го подобруваат видот. Поефикасни се од зеленчукот, како морковот. Содржат висок процент на железо за создавање на црвените крвни клетки. Бремените жени треба да јадат повеќе суви смокви.

Loading