НАЈВИСОКИ ПРОСЕЧНИ ОТКУПНИ ЦЕНИ

150 години Тутунски комбинат Прилеп (6)

Просечните откупни цени за тутунот, достигнаа највисоко ниво. Според премиерот Димитар Ковачевски не само што се исплатени субвенциите за тутунот од реколтата 2022 во вредност над 26 милиони евра, што е најголема сума на исплатени субвенции за тутунопроизводителите досега, постигнати се историски највисоки просечни откупни цени за тутунот во последните 10 години.

– Владата е на страната на земјоделците, на вредните луѓе, кои со своето производство имаат сериозен удел во развојот на економијата. Северна Македонија има ресурси, плодна почва, идеална клима, вредни земјоделци… Затоа продолжуваме со владините мерки зае поддршка на земјоделството, кое е двигател на македонската економија – изјави неодамна премиерот Ковачевски.

Тутунарите често наоѓале поддршка од политичарите. Своевремено при престојот во Прилеп во октомври 1969 година членот на Извршното биро на Претседателството на Сојузот на комунистите на Југославија, другарот Крсте Црвенкоски, изјавил дека нужно е покачување на откупните цени на тутунот, пренесува тогашниот неделник Народен глас од 31 октомври 1969 година. Во бројот пак од 20 февруари 1970 година, во весникот во текстот “ Прашањата за тутунот пред Сојузната скупштина” пишува дека Сојзуната влада ги прифатила предлозите според кои откупните цени тутунот треба да се зголемат…

“Заклучоците од Созјуниот извршен совет заедно со образложенијата од другите фактори како од републиките, така и од сојузните органи, ќе бидат во дневните редови и пред надлежните орагани во Сојузната скупштина”, пишува во весникот “Народен глас”.

Loading