ЌЕ СЕ ОМРСАТ ПЕНЗИОНЕРИТЕ

За Велигден

Здружението на пензионерите им подари ваучери од по илјада денари од супермаркет на 300 членови да ја збогатат трпезата за велигденските празници.

Асоцијацијата на пензионерите додели 1,5 милиони денари помош по неколку основи на пет-шестстотини членови.

Според правилникот, 75 членови добија еднократна помош вкупно 200 илјади денари. На 120 пензионери, зависно од примањата, им се доделени повеќе од 900 илјади денари за бањско лекување.

Loading