Изложба
Изложбата ,,Ченто – биографија низ фотографии,, од Рубин Белчески, од Заводот и музеј е отворена во Домот на културата во Демир Хисар.
На 20 банери со фотографии, мисли, делови од говори на Ченто, жителите на Демир Хисар ќе се запознаат со ликот и делото на првиот претседател на Македонија. Изложбата содржи преку 250 елементи, од кои околу 200 фотографии, документи, различни делови од говори на Ченто, мисли, текстови и преку 30 фотографии од споменици, бисти, уметнички дела, монети, поштенски марки…
Изложбата досега беше презентирана во повеќе градови низ земјата.
Инаку, Заводот и музеј на 18 април овозможува слободен влез во рамките на Деновите на културното наследство.