МОНОГРАФИЈА ЗА СУДОТ

Отпечатена е монографија за општинскиот суд, од 1945 до 2022 година. Автори се Зоран Стеваноски, Слободан Беличански и Љубен Котески. Се работи за историографска меморална публикација на историјата на судството во Прилеп. Фактографски, фотографски и стручно се воочени спомените на првостепеното судство во градот во повеќе од седум ипол децении.

Низ страниците пренесено е правораздавањето и креативната примена на материјалната и процесната законска и друга регулатива. Меѓу страниците, дел се биографиите на судиите, фотографии од вработените. Еден дел е посветен на патронот на судот, народниот херој Рампо Левката.

Монографијата  е вреден дел од  правосудната историја и од колективната меморија.

Loading