ПОБЕДА И ПОРАЗ

Пинг-понг

Ништо не е сменето во борбата за титулата во пингпонгарската Супер лига на Македонија. Водечките екипи постигнаа победи и се со ист број бодови на табелата. Прилепска Младост 96 со 4:3 беше подобра од Крива Паланка, со поените на Србинот Ѓорѓе Борчиќ 2, Петар Костовски и во двојки на овие двајца играчи. Вториот прилепски тим, Младост, со 0:4 загуби од Крива Паланка 2007. Викендов е пауза, поради настап на турнир во Струмица.

Табела: Телеком нец 2 (Скопје) и Младост 96 (Прилеп) по 19, Крива Паланка 2007 17, Берово 16, Младост (Прилеп) и Шампион ФА (Штип) по 14, Работнички (Скопје) 13, Рисови (Скопје) и Крива Паланка по 10, Кочани 9.

Loading