ОДМОР ЗА МАЖИТЕ, СТАРТ НА ДЕВОЈКИТЕ!

Ракомет

Тимот на Прилеп со 31:21 го совлада Вардар од Неготино, во 4. рунда на плеј-аутот од ракометната машка Супер лига на Македонија. Домашните уште во првото полувреме направија разлика од 14:9. Најефикасни: Христи Бикоски со 7, Мириани Гавашелишвили со 6, Реваз Чантурија со 5 гола.

На табелата води Куманово со 13 бода, пред Прилеп со 11, Голден арт и Скопје по 9, Вардар Н. 7, Јуниор КВ 4, Струга 3, Радовиш 2.

Следи одмор до 26 март, кога Прилеп е гостин на Јуниор КВ во Скопје.

По 85 дена пауза, викендов продолжува првенството во женската Супер лига. Во плеј-аутот Деспина е гостин на Скопје.

На табелата од оваа група, води Шампион со 15 бода, пред Скопје со 10, Астибо, Деспина и Гевгелија по 9, Спартак 1 и Кузман Вардар без бод.

Loading