МУДРОСТА   НА   ПРОСТУВАЊЕТО

Една од најубавите лекции која ни помага да научиме како се простува е благодарноста. За да ги избалансираме нашите чувства, треба да преминеме од ставот “животот ништо не ми даде и затоа морам да жалам”, во ставот “животот многу ми даде и немам причина да се жалам”. Кога почнеме да согледуваме колку ни дал животот убавина, сé помалку ќе се занимаваме со тоа што ни недостасува или она што нам некој ни направил или скусил.

Што е поважно за вас? Да бидете во право или да бидете среќни? Дали ви е поважно да ја оправдате својата лутина и сета вина да ја префрлите на други или е побитно себе да се ослободите од товарот (кој ништо добро не ви носи) и дефинитивно да продолжите понатаму.

Простувањето секако е една од најзначајните делови на патот кон нашата лична промена и раст. Простувањето е најголем подарок што можеме себе си да си го даруваме. Решавајќи се да простиме, свесно тргнуваме на патот кон здравјето, а не по патот по кој чекорат жртвите. Не е едноставно да се прости. Многумина не знаат како можат да преминат преку некои нешта што им се направени. Горчина, омраза, лутина, одмазда се состојби кои не придонесуваат на нашето оздравување. Не можеме да одиме понатаму, доколку не сме спремни да простиме. Не можеме да бидеме и здрави, доколку не сме во состојба да простуваме. Кога и да се чувствувате заболени или скршени, најдобро прашање кое можеме на себе да си го поставиме е: што е тоа што во овој момент не сум спремен да простам или на кого не сум спремен да му простам?

Да се прости, не значи да се оправда нечие грозно однесување. Тоа е само ослободување од товарот на минатото. Да се мачиш себе си поради нешто што некој некогаш ни го направил, нема никаква смисла. Она што се случило, се случило. Не можеме да појдеме во минатото и да го исправиме она што одамна е завршено. Сегашниот момент е она што вистинскиот и е единствениот во кој можеме да направиме нешто вистински корисно. Единствено, во сегашниот момент можеме себе си да си даруваме сето тоа што ни недостасува. Во овај момент  е спремноста да простиме, можеме да ги премостиме болните спомени. Со претресување на минатата ситуација тоа не можеме да го постигнеме. Затоа е важно да се ослободиме. Ова е момент кога е важно да си го поставиме себе си прашањето: дали минатото ќе го користиме понатаму како извор за своите неуспеси или е сега право време за простување себеси и на другите и да тргнеме напред.

Задачата на сите кои се на духовен пат е длабоко да го прифатат фактот дека секој од нас работи најдобро што може. Да знаеме поинаку, поинаку и би правеле. Да знаеме подобро, подобро и би правеле. Кога го имаме во свеста, кога знаеме дека секој работи најдобро што може со сето знаење, разбирање и свест која ја поседува, на многу од нас ни станува полесно да тргнеме на патот кон простувањето. Кога веќе простивме, се отвораат најубавите врати на нашето срце. Се отвораат вратите на права и чиста љубов. А дали е потребно да кажеме што е тоа љубов? Колку што љубов има во нас, толку ќе дојде и однадвор. Ниедно зло на светот не ќе одолее на љубовта и на добрината. Љубовта нема потреба да биде разбрана, таа треба да биде покажана.

Да повторитме, бидете спремни и имајте волја да си простите себе си и на другите. Не морате да знаете како. Само имајте волја тоа да го направите. Трпението е најголема моќ на мудрите. Силата е во простувањето. Простувам бидејќи се сакам себе си. Простувањето донесува мир. Помагај и ќе ти биде помогнато. Не може природата да не го наплати својот долг. Тоа е математички закон. Простувањето, секако е една од најзначајните области на патот на нашата лична промена и раст. Простувањето е најголем подарок што можеме себе си да си го даруваме. Отфрлајте го песимизмот како начин на живеење. Никој не го прави тоа што самиот не го сака. Негативните мисли ни одземаат огромна енергија и време. Сите болести што не можат да се лекуваат однадвор, се излекуваат одвнатре. Човек треба да знае да стави крај на нешто. Одложувањето го намножува јадот. Разликата меѓу неможното и можното е решителноста.

Дури поединецот оди до таму да си ја одземе сопствената среќа, да не биде ниту трошка посреќен од среќните во светот. Туѓата тежина како побрзо да се лепи на нас, од туѓата среќа.

Благоја Дамески

Loading