КОЈ И ЗОШТО САКА ДА ГО НАРУШИ РААТОТ?

Пријавите за лажни бомби го “тресат” и Прилеп

И Прилеп е на листата на градови во кои пристигнуваат пријави за поставени лажни бомби во училишта, институции, трговски центри… Засега на “удар” на вознемирување се неколку основни и средни училишта. За среќа, лажни се сите закани на официјалните електронските. Но, се прекинува и нарушува редовниот наставен процес. Дел од родителите, наставниците и учениците покажуваат вознемиреност. Кој и  зошто сака да го наруши раатот во градов и државава?

Заседаваше и Општинскиот кризен штаб откако зачестија пријавите за подметнати експлозивни направи или за снајперски напади во училиштата. Преку електронските пошти, на 15 февруари, најпрвин добија 5 прилепски училишта, а само неколку дена подоцна, на 20 февруари, две училишта повторно добија закани. На 22 февруари едно основно училиште.

Градоначалникот Борче Јовчески го алармираше општинскиот кризен штаб и побара од владата конкретни упатства или уредби според кои ќе се постапува во вакви ситуации. Тој истакна дека ова е втор случај на загрозување на безбедноста на децата, учениците и наставниците во овој месец и дека конечно треба да се стави крај на ваквата безбедносна неизвесност, кој некој сака да ја наметни во Општина Прилеп. .

– Без оглед што пријавите се лажни, тоа создава несигурност и паника кај граѓаните. Тоа мора да се спречи – рече Јовчески.

 На 26 декември 2022 г., освен во Скопје, првпат пријава за бомби стигна и во Прилеп, заедно со неколку училишта во Тетово и струшко. МВР информира дека лажни се сите пријави откако биле направени сите потребни проверки.

Loading