ДВЕ ФИНАЛИЊА ЗА МАРТИН

Стрелаштво

Стрелецот со воздушна пушка од клубот Херој Прилеп, Мартин Ангелески се пласира во финалињата за јуниори и сениори на Меѓународниот турнир во Белград. Прво во јуниорска конкуренција погоди 611,1 круг и како шести влезе во финалето, каде го освои седмото место. Потоа кај сениорите погоди 613,5 круга, како шести влезе во финалната група, а на крајот е петти.

Учествуваа 128 стрелци од 6 држави.

Loading