БУЧИН СЕ РАЗИГРУВА КОНТРА НА ЛИДЕРОТ

Трета

В недела (13 ч.) е 10. рунда од фудбалската Трета лига – Југ. Вниманието е кон Бучин, каде домашниот тим го чека лидерот Вардар од Неготино. Може ли тим кој има 9 бода да совлада ривал кој само победува и има максимални 27? Изгледа неможно, но Бучин, откако прво нареди шест пораза, трипати со ред победи. Тимот го има голгетерот Зоран Мирчески (40-годишен!), кој на претходниот меч со 4 гола придонесе за победата од 4:3 врз Канатларци. Екипата на Вардар со 1:0 победи над Локомотива во Градско.

Други двојки: Големо Коњари – Локомотива, Марена – Слога, Превалец – Росоман, Младост – Питу Гули и Канатларци – Обршани.

На табелата води Вардар со 27 бода, пред Големо Коњари и Питу Гули по 22.

Loading