ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (156) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Умрени во 1954 година во Марул

1.Велјаноски Ванѓелов Ѓорѓија 1947-1954;

2.Јовческа Ристејца Трајанова Велјаноска 1879-1954;

3.Мојсоска Ќирева Мара Колеска 1952-1954;

4.Митрески Митев Пурденко Мурџески 1954-1954;

5.Митрески Митев Пурденко Мурџески 1954-1954;

6.Ристески Дончов Кирил Јанкоски 1954-1954;

7.Ристески Дончов Методија Јанкоски 1954-1954;

Во нашиот крај новороденче дете се додека не добие матично име од нунката ако е машто детето го викаат пурденко. Ако е женско детето го викат пурденка.

Наближува зима, децата припремаат санки за слизгање. Првите слизгања се остваруват со вјавнати стапчина и на надолниците на сланата поготово на градиште во осојницата до реката во Орев. Второто слизгање беше изваден мраз од реката, седни на него слизјаг се, такво и место беше најпогодно во капиниште. И трето слизгање на снегот со санки или на дрвена лопата. Старите велеа пред Божик, зад Божик да ти е спремна санката.

Човек не треба многу да се мисли штом учителката на учениците му дава да научат песнички напамет за раскажување доваѓа нова година да ја дочекаат учениците со школска програма. А додека ако во секое маало навечер светат запалени огнови доваѓаат верските празници Коледе и Божик. Да се ослободат од посна храна.

Разговорот на учениците наоколу печката во училиште беше со пофалба кој имат први јагниња. А некое ќе дофрли, и ние имаме јагне. Неговите другарчиња ќе го замолат за да појдат да го видат неговото јагне, фаленикот не дава изим, дава одговор да не можи да се види поради се уште нема направена пувка за од почудиште. Тој само лажел за да не падни подолу од неговите другарчиња.

Сите мали деца во тоа време се вознемирени навечер ода почесто за да дофатат објагнето јагне раниче за да му ја земат капата на домаќинот да плати бакшиш пари за да си ја врати капата или пак кога ќе оди на пазар да му купи слатки работи.

Навистина во нашите краеви на првото објагнето јагне наречено раниче му се прави пуфка од повеќе бојадисани волнени конци која се дотерува во форма на топче и му се врзува на вратот на јагнето. Ако некој ќе погледа случајно во јагнињата најзабележливо ќе биди пуфката. Силата за почудување се прекршува во пуфката. Тоа е замислата кај народот.

Кога крава ќе се отели и нејзе и се врзува со јаже мифка од црепна исто така за од почудување за да не и се земи млекото. Кравата поново стопаните ќе ја отерат да ја паси говедарот домаќините на говедарот му носат една цела печена црепнарска погача со нешто додатно јадење бело или биено сирење ако се некој пости можно да бидат сторени кисели пиперки.

За сите домашни животни што ќе се оплодат кај стопанот, да се јагниња, телиња, пилиња, прасиња, ждребиња, прлиња или јариња домаќино со бакшиш наплатува кај малите во пари или шеќерчиња за да си ја врати назад за да си ја врати одземената капа од страна на малите деца.

Исто така често пати во разговорите околу печката се спомнуваше кој колку врапчиња фатил за омрсување на Божик. Имаше шепотење меѓу децата да претходната вечер сношти некој од другарчињата со решето врзана за набодно отишле во комшиската ржана слама фатиле врапчиња. Кога дошол стопано со неговите деца со нивното решето за да фаќаат врапчиња немало во сламата. Шепотењето беше за да појди во ушите на стопано поради тој отишол после нив не нашол врапчиња. Домаќинката на сламата правела поплаки се чуди зошто врапчиња не лежат во нивната слама.

Детска радост, гордост и храброст. Врапчиња се фаќаат за Божик и со нив се прави првото омрсување за Божик после шест недели од Божикните пости. Кога во Јерусалим римските власти го барале Исус Христос за да го фатат врапчето го откривало и велело, ене го Исус Христос. Тогаш Исус го проколнал врапчето и му рекол моите христијани верници од божикните пости со тебе да се омрсат.

Вистината е таа како нај сточари со први јагниња во селото секогаш беа први Павлевци долните Јоновци. Кога ќе речеа нивните деца ученици Менка, Павле и Богоја уште пред нова година кај Св. Никола Зимен зборот нивни важеше, фаќаше место.

Кога ќе речеа крстеските ученици Танески да и тие имаат јагне се веруваше на нивните ученици Коца, Алтана, Грозда, Спасе и Добрица. Затова што и Таневци беа врвни овчари. Истото важи и за јанкоските деца Стева, Ванчо и Ордена и кај Јанковци имаше секогаш рански мали јагниња секогаш пред новата година и пред верскиот празник Божик.

Во тој разговор околу печката Василоски Китан се пофали да татко му Трајан сега пред Божик купил кревет со колца. На децата кои слушнаа што кажа Китан чудно му стана да половина од децава ученициве уште спијат на ржани постели од плетени ржани сламки шиени со конопен конец навечер постелија, наутро собери ја, крени ја. Трајан купил кревет железен со колца кога ќе легнел коските му мировале. Нема друг начин да се потврди кажувањето на Китан со креветот на денот Коледе ќе одиме на Коледе, коледари низ село и ќе го видиме креветот.

Утрото на 6 јануари 1955 година во денот Недела коледарите се собраме како и секогаш кај Јолевци со торбињата волнени на рамо за коледарски булина. Секогаш првите собрани булина ги јадеме, остатоко го носиме дома. Коледарите беа пратени со музика, свирач како секогаш гајдаџијата Алексо Бабјак кога стигнаме кај Милан Василоски татко му Стојан стоеше превиткан преку каселата со стомакот, разбраме да имал болови во стомакот.

Од кај Милановци први зедоме булина и набрзина отидовме кај Василоски Трајан за да го видиме креветот со колца. Тоа за нас беше чудо невидено. Се насобраме околу креветот, веќе дојдоја и возрасните коледари во друштво со музиката. Ние радозналците седнаме наоколу на страните од креветот. Павлески Борис како во шала го потурна креветот со се нас креветот се затрка удри во пампурот се преврте гори распаднаа бориите, куќата се наполни со чад. Коледарите излегоја надвор. Благоја Јолески почна да ги дава коледарските булина не забележал нас белачите. Секој од нас покуша да земи буле беше одбиван со клоца во задникот без буле. Нас белаџиите не ни беше многу важно дека не добивме буле, желбата ни се исполна, видовме за прв пат кревет со колца.

Наредниот ден во понеделникот сестра му на Китан Писана наша врсничка на училиште не пријави кај учителката Драгица сите поединечно седачи на креветот и сме го турнале со креветот пампурот. Учителката подналутена не праша зошто сте го турнале со креветот не се бранеме да Борис не турна, таа одговори ако вие не сте седеле на креветот Борис немаше што да турка.

Станавме сите покажани од Писана, Методија, Блаже, Благоја, Томе, Ванчо, Драган, Коста, Ристе и Богоја. Учителката Драгица му вели на Богоја, зар и ти се најде јунак да и го кршиш креветот и туркаш пампуро на тетин ти Трајан и тетка ти Блага. Спружи ги рацете, доби по две прачки на рака. Сите редум не помина со по две прачки на рака.

Учителката го повика да стани и раскажувачот Китан и нему му удри две прачки на рака и му рече, ако ти не се пофалеше креветот немаше да биди турнат во пампурот. Ни рече учителката сега седате ако ви е арно и друг пат да направите ваков пакос.

Не е многу важно дека не добиме буле него нашиот интерес беше во тоад а видиме за прв пат кревет со колца. За едно извесно време се натраќаме меѓу кој добил потешка клоца во задникот за извесно време сето ова го претвориме во смеа се така не застари случката. И понатака си беме добри со домаќинот Трајан Василоски и со делачаот н абулината Благоја Јолески. Старите за џабе не велат со деца не се срка матеница пази се ќе те натурат.

Продолжува

Loading