КОНЦЕРТ НА БАКЛАВА

На 20 јули, среда, од 20 часот во ЦК “Марко Цепенков” целовечерен концерт ќе има групата Баклава, за промоција на најновиот четврт албум “Четврток”.

Баклава ја оживува музиката, која ги пренесува сопствените корени. Постои од 2005 година со индивидуални музички искуства на нејзините членови. Групата настапувала низ земјава, во Данска, Франција, Германија, Белгија, Чешка, Турција, Србија…

Со минималистички музички концепт, создаваат авторска музика во жив дијалог со естетските дострели на светската музика.

Loading