МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ПО ПРВИ МАЈ 

Во болницата одбележан Денот на здравствените работници

Со доделување на признанија на раководителите на сите одделенија во болницата од страна на директорот Кети Смилеска и со пригодна свеченост, здравствените работници го одбележаа Денот на здравството, 7-ми Април. Фелата, која води грижа за здравјето на граѓаните, последниве две години успеа со надчовечки напори да ја заузда пандемијата од Ковид 19 и да ја доведе на најниско ниво. Здарвствените работници одговорија стручно на предизвикот од заразата која се закануваше со најсериозни последици по здравјето. За среќа, постепено, болеста која кај некои предизвика фатални консеквенци, е ставена во колосек и во подносливи граници. Заедно со вакцинацијата, докторите и останатиот медицински и придружен пересонал се надминаа себе си и ја скротија болеста. Сепак, никогаш не е доста од претпазливост и почитување на упатствата на здравствените власти, макар што веќе се сметнуваат серизните препораки за заштита.

Како и да е, здравствените работници го дадоа досега најсилниот придонес за здравјето на граѓаните.

Во прилепската болница, покрај редовните зафати за осовременување и за кадровско збогатување, финишира ставањето во функција на најмоќниот апарат во дијагностиката, а тоа е апаратот за магнетна резонанца. Станува збор за последен здив на медицинската техника. Веќе е инсталирана модерната машина, која “гледа сé” во организмот и им дава податоци на лекарите каква терапија да дадат. Апаратот ќе биде активиран веднаш по првомајските празници. Двајцата стручнаци од областа на рентгенот кои ќе работат на современата технологија ја изведуваат последната фаза од обуката. Со тоа комплетно ќе заврши подготовката за користење на апаратот на докторите за откривање на најсериозни заболувања, а за кои граѓаните досега патуваа во клиниките во Скопје, во болницата во Битола или во приватните здравствени установи, изложувајќи се на дополнителни давачки.

Loading