НАДЕЖИТЕ НА ЗВЕЗДА СО ВРСНИЦИТЕ НА ПОБЕДА

Фудбал

Продолжува пријателството на двата клуба со црвено-бели бои, прилепска Победа и белградска Црвена звезда. Школата од белградскиот гигант од средата па до 28 февруари ќе има контролни мечеви со врсниците од прилепскиот клуб. Серијата дуели почна завчера во Охрид, каде се сретнаа младинските екипи. Веќе в понеделник се три меча во Прилеп, на генерациите 2008 и 2009 година. Последниот ден, на 28 февруари, во Прилеп, ќе има натпревари на генерациите 2006, 2007 и 2008.

Сениорскиот тим на Победа го откажа пријателскиот дуел со прволигашот Тиквеш, поради студеното време и замрзнатиот терен. Веројатно тестот со второлигашот, охридска Воска, можно е да биде последен, петти, спроти почетокот на првенсвото од Втората лига – Исток.

Loading