НАЈДЕНА ГРАНАТА НАД ЕЗЕРО

Неексплодирана артилериска граната пронајдена е во месноста Пештерица над Вештачкото езеро. Минувачот Горан Ристески при прошетка во природата открил неекслодирана направа и ја алармирал полицијата. Веднаш реагирала Дирекција за заштита и спасување и гранатата од 75 мм од Првата светска војна, била безбедно подигната.

Ова е втора, за неколку дена, пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна. Првата беше пронајдена во околината на прилепското село Присад.

Loading