ВО ШПАНИЈА ПО НОВИ ЗНАЕЊА

СОУ “Орде Чопела”

Во почетокот на декември лани учениците од СОУ “Орде Чопела”, Кирил Дамјаноски, Сара Ристеска, Андреа Гагалеска, Николче Димески и Филип Атанасоски под менторство на директорката Анета Пејоска и Каролина Дамјаноска, координаторот на Еразмус + проектот “Беинг а биомакер, но пасспортс неедед”, учествуваа на проектниот состанок во Ла Коруња, Шпанија. Учениците од Македонија, Шпанија, Литванија и Италија користеа 3Д печатење и ласерско сечење, како и електроника да креираат инструменти кои се користат во училишните лаборатории. Меѓу повеќето активности, некои беа изведени во партнер училиштето близу до Ла Коруња, а некои во лабораторијата во природонаучниот музеј. Најинтересна беше задачата на користење на ПЦР методот, следен со електрофореза, за откривање на замислен убиец од четирите осомничени. Подлогата за електрофорезата беше агарозен гел за разделување на ДНК нишки. Учениците се запознаа со техника, користена во судската медицина со која се открива виновник. Низ процесот на испитување, учениците беа водени од нивните наставници ментори од сите четири држави и од директорката на Музејот, Патриција Вињас, која со задоволство објаснуваше и одговараше на сите прашања.

Учениците ги истражуваа микроорганизмите, користејќи микроскопи. Правеа фотомикрографии кои се фотографии од микросветот со помош на посебни системи од леќи прикачени на своите мобилни телефони.

Замислата беше да се изведе натпревар меѓу мешани тимови од ученици од сите четири држави учеснички. Учениците научија што е комбуха и ја користеа да креираат различни фигури.

Прилепските ученици се запознаа со културните знаменитости на Ла Коруња, ја посетија Кулата на Херкулес и го видоа Аквариумот во Ла Коруња. На еднодневната екскурзија до познат туристички центар Сантијаго де Компостела го посетија музејот и беа примени од градоначалникот на Камбре, кој ги додели сертификатите.

Учениците се вратија побогати со многу нови знаења и техники на работа и своите импресии им ги пренесоа на соучениците и родителите.

Следниот проектен состанок е планиран во Прилеп во средината на ц март, за кој се почнати подготовките.

Loading