ИЗЛОЖБА ОД ИВАНА МОЈСОВСКА ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ

Две слики и пет фотографии насловена Сузан е содржината на изложбата на уметницата Ивана Мојсовска што вечерва ќе биде отворена во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Изложбата е инспирирана од танцовиот перформанс во колаборација со кореографката Адријана Данчевска, која е и субјект на овие дела.

-Сузан е измислен карактер кој ги пренесува екстремните расположенија на една млада жена која се бори со сопствените емоции и пориви. Карактерот на Сузан е предмет на естетската материјализација каде преку фотографијата како медиум, ги доловувам моментите на екстаза и кинестетичка емпатија. Во дел од фотографиите акцентот е ставен на централниот субјект, односно ја гледаме Сузан во нејзината трансцеденција, додека во останатите дела е ставена во улога на спектатор и симболично ја прикажува сврзаноста на делата со кинестетичката емпатија. Анализирајќи ги танцовите перформанси и фокусирајќи се на перформативноста како процес од кој произлегува некаква акција, се обидувам да го замрзнам тој жив и интензивен момент на одвивањето на уметничкиот чин – вели уметницата.

Мојсовска е млад, современ автор кој ги истражува емотивните состојби, прикажувајќи ги преку своите експресивни и гестуални записи со кои таа постојано експериментира со нови сликарски медиуми. Делата вклучуваат слики, танцови перформанси, инсталции и фотографија говорат за нејзиниот диверзитет додека експресивноста како правец е задржана во целиот опус.

Во јануари, 2020 година ги завршува магистерските студии на ФЛУ со самостојна изложба во МКЦ насловена “Меет Њатер”. Имала две самостојни изложби, учествувала на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Остварува контакт со уметничка куќа во Франција каде изложува свои дела.

Од ФЛУ е добитник на наградата “Четирите мајстори на модернизмот”.

Loading