„ГЛЕМБАЕВИ“ НА МОТ

Ансамблот на театарот “Војдан Чернодрински” со претставата “Глембаеви” во режија на Бранко Брезовец, ќе настапи на 24 ноември на 46 издание на МОТ, што се одржува од 18 ноември до 7 декември, на неколку локации во Скопје. 

Варијациите на Крлежа, говори за пропаѓањето на една голема капиталистичка фамилија, за тоа колку тешко настанала големината на таа фамилија, како со лукавство се одржувала и како перверзно пропаднала. Во време на денешната тајкунизација, која владее со сите транзициски простори од Балтикот до Солун, темата е клучна за храбриот влез во вибрирањето на театарската современост и непобитна актуелност.

Актерот Исидор Јованоски доби награда за млад актер во оваа претстава  на МТФ “Војдан Чернодрински”.

Loading