СКУЛПТУРИ ОД ДРВО, СТАРИ ПОЛОВИНА ВЕК

Изложба

На осми ноември во салонот во ЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена ретроспективна изложба на скулптури во дрво создавани 50 години на Интернационалното студио за пластика во дрво во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.

За 50 годишнината од Интернационалното студио за пластика во дрво ќе се извадаа од депоата скулптури во дрво и фотографии од скулптури. Прилеп располага со богата збирка на уметнички дела создавани во различни техники и материјали. ЦСЛУ има традиција да кани уметници од земјава и од странство на уметничкото лето да создаваат уметнички дела во мермер, метал, дрво, слики… Богатството кое го добива Прилеп секоја е наследство за идните генерации.

Loading