ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (117) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

За сите верски празници, крштевки, свадби,умирачка имаше оправданост.

За верскиот празник Велигден три дена неработни, двата дена со музика на средселото, а додека тертиот ден се оди на селска слава во селата каде што черкаат гости. Главен гајдаџија за денот Велигден на сред селото беше Павлески Јованче. На тој велигденски ден за првпат за прв пат го слушнав името Томислав и го видов лично него. Петрески Ванѓелов Томе 1935 – 2010 роден и крстен за време на српскиот режим во вардарска бановина има Вардарска Македонија. Со времето неговото прво име Томислав се преименува во Петрески Томе Бабјак. И ден денес се чудам за тогашната постара генерација ив о неговата фамилија како една невидлива сила го отфрли името Томислав во замена за Томе.

Додека селата беа полни со народ во четвртокот одручек после Велиден патот од битолско Мариово преку Ушите за Прилеп беше преполн од народ за на градски Велигден или Ушите наречен Голем Петок за во Прилеп. Тогаш во Прилеп беше отворено од петокот, саботата и неделата поред веселбата со музика се купуваше се и сешто деновите беа наречени прилепски панаѓур. Ние како мали деца со повозрасните одевме на падарница ги пратеме гостите кој со магариња, со коњи, запрежни коли мариовците со мазги и коњи одеа во големи групи натоварени со бичени штици од по гатерите волна. Ѕвонците и клакачките наобесени на товаритите добици ѕуеа како пчели во кошерка. А додека на мариовските жени облечени во нивната носија со црвени реси по нивните шајаци или ќурди. Во поранешните времиња на овие денови на панаѓурите во Прилеп кај Рекламите се изедувале и разни игри, борење, фрлање камен, прескакулица итн.

Уште во постарите времиња тука на ат пазар во пазарен ден се извршувало и смртна казна на осудено лице. Како што кажувал Анѓеле Павлески марулец 1838 – 1910. На ат Пазар џелатите донесле осуденик со врзани раце и џелато го провоцирал осудениот наминувал џелато и со шлаканица го удирал осудениот како провокација. Во една прилика осудениот замавнал со клоца и го соборил на земја целатот тогаш се налутил џелатот снанал, мавнал со сабјата по вратот на осудениот бликнало крв од осудениот и еден пријател познат на Анѓеле по националност Турчин муслиман му рекол на Анѓеле греота е Анѓеле да не гледаме оти Господ и нас ќе ни пиши грев. Турските власти извршувале на такви соборни денови со тоа го заплашувале народот.

Со развитокот на индустријата во Прилеп се изградија повеќе фабрики, народот најде вработување во нив не можејќид а ги напуштат работните места во обично време ден за ден верскиот празник Голем петок се изоставаше. Многу народ се исели во Европа, Америка и Австралија прославата со музика се изгуби како во градот Прилеп исто така и во селата. Сега моментално во селата за сведните денови се продолжува да се оди по куќи, како и порано наречено на ракија без музика на сред селото.

За време на овци стрижење во месец мај 1950та година дотогашниот претседател на Колективот во с. Марул Павлески Игне Јоноски е разрешен од претседателската функција и е преместен на ново работно место во матичната служба во с. Подмол за правење на матичните дневници на родени и умрени лица за статистика на населението. За прв пат после војната се појави една државна наредба каде беше забранета и блокирани сите патови за не одење на гости на верскиот празник Св. Јован во с. Бонче. Народот беше предупреден да се појавила некоја заразна болест брзо пренослива, народот да не смее да се меша. Народот пцуеше и колнеше и властите ги нарече неверници атеисти. Од тој настан што се догоди на Св. Јован повеќе никогаш не се догоди.

Нашите жители во Марул ја прифатија колективната работа, работеа према програмата на управата пренесена преку маалските бригадири до работната снага во малските групи. Нивјето се обработуваа без да се поништат мегите на парцелите, нивјето. При молзењето на колективните млизници овци се повикуваа деца за терање на овците, како награда за извршената работа децата добиваа млеко за пиење од ведрото тргање преку сламка се добиваше чисто млеко за пиење. Терањето на овците од страна беше на плднина и навечер додека за утринското терање беа ослободени за да спијат. Ние децата од нашето маало имаме терано на овците молзници во трлата од Трајан Танески во Дамјаноското во Курелоското од Јоновци ив о Јанкоското трло.

Сепак ќе се повратиме околу колективната работа со влегувањето на Марул во колективот селото имало седум машини веалки за плевата од вравот во Првата бригада имаше плеварки по една кај Павлевци Јоновци и Петревци кај Таневци Крстевци имаше плеварка машина. Во Втората бригаде имаше две плеварки машини кај Велјановци и Димитријовци или Новачевци. Во Третата бригада имаше четири машини плеварки. Кај Трајан Танески, Тодор Јованоски, Мице Танески и Ристе Танески. Стопаните со плеварките беа носители за работа во групите во маалата во тоа што за да му се олесни работата при веење на вравовите мора да има машина. Вршењето иако се вршеше во туѓо гумно веалката се носеше таму. Не можеше да има две машини веалки во една група. Работата во вравовите се изведуваше весело со песни. Во оградчињата Јанкоска Јованоската ограда. Бошеската Димитријоската во Стеваноската, Тодороската, во Колеската, во василичината ограда се одледуваше колективен памик и афион.

За да не заборавиме и ги измешаме поимите со управата на Колективот составот беше следниот: Павлески Игне претседател, книговодител Велјаноски Благоја, евидентичар Петрески Ванчо Мурџески, благајник Атанасоски Дончо, контролори во работата Јовчески Ванѓел и Ѓорѓијоски Димитрија, советници во Управата Јанкоски Ристе, Новачески Јован, Ристески Крсте Танески. Бригадири на сточниот фонд Јанкоски Ладе и Петрески Ванчо Бабјак. Бригадири за Петрески Митре Бабјак и Ристески Богоја Танески за Прва бригаде, за Втора бригаде Јованоски Алексо и Стеваноски или Анѓелески Живко во замена со Јанкоски Китан. За Трета бригада Атанасоски Алексо Танески и Стојаноски Тоде Котески. Со одењето на Павлески Игне на работа во с. Подмол Ѓорѓијоски Димитрија влезе од продавач на коперацијата за претседател на Колективот но за кратко време поради не можел да се одржува со две одговорни работи, контролор на работата и претседателската функција ја презеде Јованоски Кристо, прв братучед од стрике. После Димитрија за копаратор беШе назначен Јанкоски Китан и тој за кратко со одењето војска на Анѓелески Живко Јанкоски Китан ја презеде должноста за бригадир во Втората бригаде, а додека за копаратор на коперацијата односно продавницата селска беше вработен Петрески Атанас Мурџески па се до крајот на нејзиното затворање на 14 јануари 1952 година.

Кога се влегуваше во Колективот во 1949та есента Марулци од 1500 овци пријавија 800 овци за во Колективот боејќи се да не ги изгубат сите 700 грла овци, н еги пријавија, ги скријаа, дење лежеа меѓу гораниците голема и мал ии ги продаваа на црно. Овчари за овци беа Јованоски Ванѓел, Петрески Ванѓел Бабјак, Дамјаноски Никола ид р. Во селото беа единствени за таа идеја и не дојде до откривање од власта.      

Продолжува

Loading