ДЕНОТ СЕ ПОЧНУВА СО ЧАША КЕФИР

Кефирот е намирница кој му годи на целиот организам. Лековитиот млечен напиток е добар да се пие барем по една чаша дневно. Вкусот му е специфичен. Затоа брзо се засакува. Плус многуте делотворни состојки со бенефитите за телото.

Кефирот е ферментиран производ. Влијаат добро на здравјето. Освежително диететското пробиотички напиток од ферментирано млеко содржи јаглеродни киселини и етил алкохол.  Ги има и витамините А, Б1, Б2, Б6, Б12, витамин Д, ниацин, витамин Е, фолна киселина и никотинска киселина. Од минералите, калциум и магнезиум. Калциумот влегува во коските и забите. Од него зависи коагулацијата на крвта. Магнезиумот учествува во производството на енергија, потребна на клетките и ги штити артериите. Учествува во метаболничките процеси на мастите, протеините и јаглехидратите, како и на фосфорот кој е важен за растот и одржувањето на енергијата.

Кефирот поволно делува на целиот организам. Се препорачува и на децата. Го регулира холестеролот. После 8 недели консумација паѓа нивото на холестеролот. Пробиотиците во кефирот ја регулираат количината на холестерол. Се регулира шеќерот. За два месеца паѓа шеќерот во крвта, ако секое утро почнува со чаша кефир. Богат е со витамините Б1, Б12 и витаминот К. Ја помага апсорбцијата на витамини од Б групата. Витаминот Б ја регулира работата на бубрезите, црниот дроб, срцето и нервниот систем. Олеснува некои кожни проблеми и одржуваа младолик изглед. Одржува рамнотежа меѓу добрите и лошите бактерии во цревата, оти содржи пробиотски култури за работата на цревата. Помагаат при варењето на храната и спречува дијареа. При намален имунитетот треба да се зголеми внесот на кефир за да се спречи дисбаланс во цревата. Полн е со витамин Ц. Затоа е одличен за јакнење на имунолошкиот систем. Богат е со протеини.  Поттикнува брзо оздравување и закрепнување после некоја болест.

Го нарекуваат и волшебно млеко, кое се прави од козјо, кравјо или овчо млеко, при мешање со габата кефир. Ферментира да се добие пробиотик, полн е со здрав квасец, витамини, минерали и хранливи состојки. Кефирот е подобар од јогуртот.

Кефирните зрнца се комбинација од квасци и бактерии, измешани со разни протеини, липиди и шеќери, од кои се формираат “кланови” од здрави бактерии во ферментираното млеко. Затоа структурата е густа.

Кефирот е стар пијалак повеќе од 5 000 години. Стигнал од Кавказ. Ферментираната млечна напивка со киселкасто освежувачки вкус се добива со помош на култура од кефир или кефирни зрнца. Жителите на Кавказ пукаат од долговечност и здравје. Живеат без болести, што се припишува на секојдневното и неограничено консумирање кефир. Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млеко и немаат рок на траење. Живеат вечно. Кефирните зрнца се добиваат од некој што веќе ги има и веќе сам прави кефир дома. Подготовката е едноставна. Потребно е само млеко и печурки, односно зрнца од кефир. За подготовка не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот. За половина литар се потребни две лажици од кефирните зрнца и било какво млеко (кравјо, овчо, козјо). Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува 2,8 % маснотии. Колку што се маснотиите поголеми, кефирот е подобар. Млекото се става во стаклен сад и се ставаат зрнцата. Се поклопува со тацна и се остава на собна температура 24 часа. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени. За 24 часа течноста ќе се згусне. Може повремено да се меша поради проверка на густината. После тоа, треба да се процеди низ пластична цедалка, да се прелие во шише и да се чува во фрижидер. Печурката на кефирот треба да се измие со ладна или млака вода и ден – два, до следната употреба да се остави во фрижидер, во ладна вода или млеко. Зрнцата брзо ќе се намножат, за добивање на поголема количина на напитокот. Количината на млеко за подготвување на кефир се зголемува сразмерно на количината на зрнцата.

За одржување на здравјето и виталноста се пие секој ден. Почетокот треба да е со 100 мл. и постепено зголемување на количината. За терапија, се пие еден литар кефир дневно.

Редовната кунсумација овозможува јакнење на имунитетот, чистење на организмот од токсини, нормализирање на крвниот притисок, пад на холестерол, олеснување при болести на желудник, обновување на флората и ублажување на цревните болести. Помага при болести на црниот дроб, бубрезите и жолчката. Лекува воспалителни процеси, помага при слаба циркулација, лекува респираторни заболувања, помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем, го успорува ширењето на канцерогените клетки и помага кај астма и алергии.

Loading