ПОВЕЌЕСТРАНИТЕ СВОЈСТВА НА МАРИХУАНАТА

Канабисот е растение познато околу 28.000 години. Се користи во исхраната, медицината, градежништвото, како гориво и сл. Од канабисот се добиваатнад 50.000 различни производи.

Во Чешка бил пронајден сад со украс од канабис стар 26.000 години. Кинезите го користеле за производство на хартија, а во медицината уште 2.800 години п.н.е. Се произведувала облека, книги… Американската декларација за независност била напишана на хартија од канабис. Не загадува како пластиката. Облеката од канабисот е речиси неуништлива. Леви Штраус во 19 век ги создал првите фармерки од канабис. Растението го чисти земјиштето од отрови.

Со распаѓањето на коренот се храни почвата. Како храна се јаде семето, кое содржи омега-3 и омега-6. Канабисот бил задолжително растение во 17 и 18 век.

Индустријата на канабис се одржува, оти растението расте до 3-4 метри годишно. Полесен е од челикот, а е поцврст. Се добива и добра пластика. Денешните предмети од пластика може да се прават од канабис. Растението има целулоза околу 77 проценти и е одличен извор на енергија.

Хенри Форд во 1941 година користел канабис за производството на автомобил. Металните автомобили ‘рѓосуваат, а од канабис не кородираат. Автомобилот од челик тежи 1.300 кг. Иста големина од канабис би тежел околу 900 кг.

Фармацевтската индустрија го користела како лек од 19 век. Староперсиска книга од пред 700 години пред Христа наведува дека е најлековито растениот дотогаш познато. Индискиот бил најлековит во светот. Канабисот повторно почнува да се цени како помошник во лекувањето на ракот низ светот.

Loading