НАГРАДА ЗА КРСТЕВСКИ ВО КОРЕА

На меѓународна изложба на современа уметност “Преку Границите” во Кореа, прилепскиот уметник Златко Крстевски доби специјална награда за уметничка вредност за сликата масло на платно, “Ангелот од Св Никола”. Крстевски го подари делото да биде дел од трајната поставка од колекцијата во Музејот.

Делото е публикувано во каталог во боја на 94 страници, проследен со биографски референци.

Loading