СТАБИЛНО, НО НА ШТРЕК

Епидемиолошката состојба во Прилеп

Нема место за опуштање, иако епидемиолошката состојба е стабилна во Прилеп. Ова е оценка на Тања Мургоска Станимировиќ, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Според неа, ако се споредат двата двонеделни периоди, се бележи пад од 23 проценти, во споредба со претходните 14 дена.

-Последните две недели се заразени 179 лица, или неделно по 88, односно 91. Во претходниот период неделното ниво беше над 100 новозаразени. Активни се 275 – вели Мургоска Станимировиќ.

Ова укажува дека стабилноста на епидемиолошката состојба е поврзана со процентот на вакцинираните.

-Бројот на вакцинирани треба да се зголеми да се постигне колективен имунитет. Во моментов 50,5 отсто од населението примило барем една доза. Нема место за задоволство од процентот на вакцинирани во општината. Од вкупното население над 18 години, бројот на вакцинирани, барем со една доза е 50,5 проценти, а со две дози 45,7 проценти. Тоа е далеку од препорачаните 85 проценти за се говори за некаков колективен имунитет. Затоа нема место за опуштање, покрај тоа што бројките на новозаразени не се алармантни – вели Мургоска Станимировиќ.

Центарот за јавно здравје будно ја следи состојбата во училиштата и во градинките.

-Од почетокот на учебната година досега во основните и во средните училишта се регистрирани 16 позитивни ученици. Во изолација се 106 ученици. Во градинките нема заразени деца. Поради ковид се изолирани двајца воспитувачи, а во изолација се една негувателка и 26 деца. Состојбата во училиштата и во градинките е стабилна и не е загрижувачка. Нема внатрешна трансмисија-  вели Муркоска Станимировиќ.

Намален е бројот на хоспитализирани во модуларната болница. Во моментов се 11 пациенти од кои 9 на кислородна поддршка.

Вакцинацијата тече нормално во спортската сала од СОУ,,Ѓорче Петро,,. Почна и вториот круг на теренска имунизација во селата. Одзивот е солиден.

Неделен ковид билтен

Тројца починати и 88 заразени

Меѓу 13 и 19 септември, Центарот за јавно здравје регистрирал 88 нови случаи на Ковид-19. Починале 3 лица, а бројот на активни е 275 лица, од кои на болничко лекување се 13, од кои 11 лица се на кислородна поддршка. Дома се лекуваат 262 лица;

Вкупно се заразени 8909, а починале 446 лица од од коронавирусот.

Loading