ТОМЕ ВЕЛЈАНОВСКИ ГРИЖЛИВО ЧУВА РЕТКИ ФОТОГРАФИИ ОД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

DSC06846

Голем родољуб е нашинецот Томе Велјановски кој влече марулски корен, а пензионерските денови ги минува во Шведска. Во домот во ладната скандинавска земја тој чува ретки фотограграфии кои му ја топлат душата и му го галат срцето. Врамени, со заштитно стакло, во своето ,,гнездо,, во туѓина има две ретки фотографии од македонскиот идеолог и револуционер Гоце Делчев. Тоа се копии кои ги добил од порталот Македонска нација. На едната фотографија, Гоце заедно со пријатели се разладуваат во река, што прави да е многу веројатно дека фотографијата не е од раната пролет 1903, туку најверојатно од претходната година… Другата, е од книгата ,,Хроника на најавената смрт на името,, од Алдо Климан, на која фотографија има човек облечен во носија на ,,селски чорбаџија,,, за кого авторот тврди дека е Гоце Делчев. Според објавеното, наводно портретот е снимен во Солун пред неговата смрт, а Гоце се движел во таква носија низ Македонија…

Марулецот Томе Велјановски фотографиите ги чува како зениците во очите. Не дозволува да падне ниту трунка прашина. За него имаат голема вредност, зошто се историски спомен.

-Тоа е доказ со кој ќе му докажеме на светот кој е Гоце Делчев. Дедо ми, Ристе Јовчески, роден 1988 г. бил 15 години кога загинал Гоце Делчев. Раскажувал дека цел народ бил ожалостен. Иако без образование, дедо ми читаше писмо и велеше дека Јордан Пиперката и Гоце Делчев со право се најопеаните јунаци – обајснува Томе Велјановски.

CIMG3349

Копии од фотографиите во рамки Томе направил и за родното село. Ќе ги остави во училиштето во Марул. Ако нема ученици, барем да биде музеј богат со историски докази за минатото кое не смее да се заборави. 

Во Подмол црквата како капела

Лошата здравствена состојба на сестра му, го натера Томе Велјановски да се качи на аеропланот и по две години пауза да дојде во родниот крај. Успеа за последен пат да ги види отворени благопријатните очи на сестра му Мирческа Петра Киројца (82), омажена во Подмол која била почитувана и карактерна личност. Се збогувал на животот, пред смртта да ја оттргне од блиските на 13 септември.

Првпат во историјата на селото и опстојувањето на црквата Св. Димитрија во Подмол, нејзиното тело било оставено да преноќи во божјиот храм. Според сите адети, роднините и пријателите присуствувале на пречувувањето во светиот објект, наместо дома. Томе Велјановски верува дека по примерот на светските метрополи, и подмолци, и од другите села, ќе навикнат покојните да ги пречувуваат во црковните простории како што се прави во црквите и капелите во градовите.

CIMG3351

Loading