ЧОВЕЧКОТО НЕСОВРШЕНСТВО

pismo-2

Во една латино-американска држава, власта ги казнила гласачите од на индијанското племе со укинување на електричната енергија затоа што гласале за пратеник кој бил обвинет и осуден за кражба на државни пари. Времетраењето на казната било додека да им дојде умот. Со оглед на нивниот менталитет, тоа веројатно траело долг период.

Иронично и морбидно, но вистинито. Три децении продолжува голата борба за власт, наместо за принципи и вредности. Партиите и челниците вградуваат потпросечен човечки материјал во темелите на македонизмот. И најразумното човечко суштество, пред некое големо искушение, како што се парите, го губи разумот и се претвора во чудовиште. Лесно стануваат жртви во безмилосната игра на животот. Стануваат несреќници од темната страна на животот. Освен што предизвикуваат несреќи на својот народ и држава, тие се несреќници и жртви на лошата животна судбина, суштештва со потреба за разбирање и помош за полесно да излезат од мракот во кој западнале. Има луѓе на кои им се грози од испаднатите луѓе од човечкиот род. Мала кошничка светлина загубена во мракот на човечкиот одпад. Со лица земени на заем од човечкиот род.

Тоа е уште еден знак на човечко несовршенство и доказ на лицемерието. Дали нивното место меѓу несреќниците беше без избор? Дали понекогаш расудувааат нешто повозвишено, или слично како животните се одаваат само на вродените инстикти или најисконската желба за гол опстанок, поради кое така лесно се продаваат за парче на шарена хартија. Само примитивниот и неразвиен свет, без сознание за себе и малку разум би можел да постапи така.

Сонцето пак ќе огрее во Европа, од Гибралтар до Златниот Рог, од Архангелск до бреговите на Малта. Ако не повеќе, барем во оваа наша Македонија. Секој лош збор за Македонија ме погодува лично поради чувството дека она што се прави со нас е неправедно. Оној кој тоа не го гледа, намерно не сака да го гледа. Како може да се срамат од тоа што се Македонци. Тоа никогаш не можам да го разберам. Тоа е болно. Тоа е исто како да се срамиш, на пример, дека имаш А – крвна група. Нема пострашно од тоа да не бидеш со својот народ кога е густо. Не сум спремен да се одречам од своите предци. Со злосторниците не сакам да бидам во ист кош. Најмногу се грижам за својот македонски народ, бидејќи за останатите народи има кој да се грижи. Посебно ме загрижуваат докажаните наши, по веење на бели знамиња по порачка.

Нашата Македонија се бројува меѓу најнесреќните држави во светот. Да си глуп, не е забрането во правото, но глупоста и полтронството стануваат животно загрижувачки во Македонија.

Д-р Благоја Дамески

Loading