„19“ ОД ХРИСТИНА ЗАФИРОВСКА

hristinaИзложба 

Од 13 часот  денеска во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата насловена ,,19,, од Христина Зафировска. Преку циклусот од 19 дела на тема ,,Ковид,, на апстрактен и сликовит начин го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата.

Серијалот од 19 тесно поврзани епизоди го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, создавањето, виреењето, проширувањето и пренесувањето.

-Делата се создавани во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот, надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината… Применет е широк опсег на форми за паралелиза на варијациите на микросветот. Концептот е осмислен и наративен, а просторот рационално искористен. Постигнато е преку взаемна синтеза на топли и ахроматски бои, конкретно компониран цртеж, со што доаѓа до израз графичкиот импулс на уметникот. Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување се следи уметничкиот стил. Зафировска заслужено може да се категоризира како дел од модерната апстрактна уметност – вели м-р Билјана Галоска.

Зафировска работи сликарство, графички дизајн, мозаик, ѕидно сликарство, инсталации, сценографија, цртежи, фотографии и видеа. Учествува на локални и регионални проекти од областа на културата. Дел е од многубројни проекти, саеми на уметност, симпозиуми, фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот, низ Европа и пошироко.

Loading