ОСЛЕПЕНИ ПОТОМЦИ НА САМОИЛ

pismo-2

Премиерот на неговата РСМакедонија им се извини на Грците за неговиот употребен израз македонска фудбалска репрезентација. Каде е забетонираниот македонски идентитет? Тој исполнува и тоа што треба и тоа што не треба. Само со спомнување на договор, ни ги сече крилјата. Ако има идентитетски спор, нема решение. Преспанскиот договор не го гарантира, туку го брише македонскиот идентитет. Најстрашна од сите видови на смрт што постојат, е идентитетската смрт. Ако Македонци се викаме само за дома, тоа значи дека државата не е на македонскиот народ. Со губење на името, не сме Македонци. Со немање на малцинство, не сме македонски народ. Не само она што е потпишано, туку и она што е ветено, зошто и ветеното обврзува. Забрзана демакедонизација и посеверување на сé. Ако нé доведоа до ситуација сами да се нарекуваме така, навистина сме за жалење. Со бришење на историјата, ја бришеме колективната меморија.

Ова е идентитетски колеж во касапниците на европската цивилизација. Со векови вака функционира вавилонската блудница. Ја изгубивме битката ние, кои досега слободно можевме да се нарекуваме Македонци. Во таа битка нема место за Македонија и Македонци, според нивниот план и нивната нова Европа. Суверенитетот на победениот престанува правно да постои и тој се окупира со создавање на нов ентитет и нова северно-македонска нација. Македонците и Северно-македонците престануваат да бидат ист народ: едните со богата антика, историја и јазик, а другите со нејасна иднина, а никакво минато. Нема разлика меѓу Преспанскиот, Бугарскиот договор и Тиранската платформа.

Ако дадовме сé, најдобро е да не постоиме. Идните генерации ќе не паметат како оние кои наследиле држава и на крајот ја уништиле. На власт сте за да се справувате со предизвиците, а не за личниот и партиски интерес.

Македонците мора да смислат некој тип на отпор да се врати името и сé она изгубено. Не треба да биде виновен стопанот кој си го брани домот од разбојници.

Ако не сте знаеле, меѓународното право ги заштитува сите оние кои се чуствуваат како што сакаат, во случајов, сите кои се чуствуваат Македонци.

ПРИМ.ДР.Б.ДАМЕСКИ

Loading