ПРАЗНИК ЗА СИТЕ СЕТИЛА ВО АВТЕНТИЧЕН АМБИЕНТ

Гостилница ,,На валајците,, – Слоештица, демирхисарско

66200942 2377269159177244 1643082431059722240 n

На околу 830 метри височина кај демирхисарското село Слоештица се наоѓа гостилницата во традиционален македонски стил со име ,,На валајците,,. Од Прилеп е оддалечена околу 50 км, исто колку и од Битола, а Кичева е само на 35 км. Затоа најчести гости на гурманските специјалитети се прилепчани, битолчани… Наши од странство доаѓаат да ги лижат прстите од печењата во фурна на дрва. Јагнешко, свинско и диво печено месо ги враќаат гостите на времето на детството и младоста и игрите и лудувањата покрај валајците. Покрај нив се сервираат и зелници со штавел, спанаќ…, но и питулици со сирење и изварка. Од природата се печурките, вргањ, кои се служат како посебен специјалитет. Во менито секако се овчарските и македонските салати, биеното сирење, но и пастрмките од блиските рибници и преспански крап, покрај стандардната понуда на месо на скара.

70235771 2434321900138636 4205774521912786944 n

Сопственикот Стевче Митревски во автентичен природен амбиент на накогашната валавица подигнал угостителски рај за сите сетила без да ја допре и да ја загрози убавината на природата низ непрекинатиот жубор на потокот. Дури ги оставил валавиците функционални. Во слободни денови можно е да се валаат јамболии, дифтици, ирамчиња, веленца, дипли и други домашни ткаеници.

-Објектот беше руиниран. Го реставрирав, реновирајќи ги валајците и оставајќи ги во употреба како атракција за гостите. Користени се исклучиво природни материјали, само камен и дрво, кои зрачат топлина и се во духот на автентичноста на старите времиња. Се врати стариот сјај на чардакот со прекрасен поглед, а во внатрешноста е огништето. Моите претци имаа воденици во околината. Им помагам на останатите наследници да ги реставрираат водениците. Преку ИПА фондовите од ЕУ можно е да се обезбедат средства и да се врати ликот на вртење на воденичките камења со вода и продукцијата на брашно, како некогаш кога се мелело житото. Според архитектурата на селото, се носам со идеја да изградам четири камено-дрвени куќи за сместување на гости со брсјачка физиономија на местото каде се сушеле ткаенините. Сакам да им излезам во пресрет на многуте љубители на планините кои уживаат во шумата, високите буки, разгранетите дабови и раскошната автохтона вегетација. За збогатување на содржините, ќе поставам реквизити, децата да уживаат додека родителите ги плакнат очите воо зеленилото и им расте апетитот – вели Митрески.

122086228 2772539342983555 5763853806705675968 n

На два километри е манастирот Св. Ѓорѓија. Има проект за изградба на пешачка патека до него.

Слоештица со 30 валавици

Селото имало 30 валавици за стегање и за развласување на јамболии во оградени вирови. Откако ќе се истрижеле овците, волната се перела, па се предела на фурка на тенко предено за основа и на подебело за нишките. Со разбој се провира дебелото предено низ потенкото и се создава ткаенина, килим. јамболија… Но, ресите се засукувале. Затоа било нужно валањето низ вода, стегање на дебелото и тенкото предено и развласување. Валањето траело 24 часа, односно толку време водата од високо паѓала и ја ,,тепала,, јамболијата, всушност ја вртела.

101543715 2653652228205601 4578641910146531328 n

72950626 2458678674369625 1402519852521881600 n

61752648 2357844434453050 7618099654600687616 n

79167435 2653652161538941 3828306240157515776 n

Loading