ПТИЦИТЕ ОДЛЕТАА, ГАВРАНИТЕ ОСТАНАА

pismo-2

И за македонската голгота да ти имало зацртан ред: на ред е промена на химната, знамето грбот… До кога ќе толерираме сé што í се случува на Македонија за која се дадени илјадници жртви, реки од крв, безбројни сираци, уништени семејни лози?

Младите заминаа, а останаа гавраните да го докусурат својот плен кој уште за мнозинството од нас се вика Македонија. Без престан опсесивно го верглаат рефренот ЕУ, ЕУ, оставајќи се на продажба, при што вредноста на националното достоинство и чест достигнаа до најниска цена. Опсесијата ,,ЕУ по секоја цена,, претставува матење вода за одржување на власт со проектот нулирање на македонизмот, да се заборави сé што постоело македонско. Го избраа патот до истребување и на последниот Македонец.

Не ни е потребен современ измислен идентитет и новоизмислена историја од овие патриотски инвалиди. Не, кој те воспитува, но кој те одгледува. На овие современи политичари, патриотизмот не им личел, но го вклучуваат само по потреба.

Птиците неповратно одлетаа, но ќе има такви кои, водени од патриотскиот инстинкт за одржување, пак ќе се вратат во своите гнезда. Тие нема да дозволат да талкаат по светот како Евреите и Курдите без сопствена држава и негиран македонски народ. И од урнатините пак ќе ја создадат својата Македонија. Македонските злосторници ќе ги однесе матната заедно со нивното лигавење, коленичење и размакедончување на сопствената држава и народ. Можеби тие ќе бидат идните талкачи по светот, а во изборот ќе го имаат и Голи Оток. Гледајќи како се однесуваат нашите политичари, ним им одговарам да не се сака нашата Македонија, д се сакаат само себе си. Македонија ќе живее и без вас, ве уверувам!

Младите со потсмев гледаат кога ќе слушнат за некој си НАТО или некоја си ЕУ. Никогаш тие нема да дозволат да разменат коњ за кокошка. Младино македонска, Вие сте на потег за македонската иднина. Веруваме во Вас, и само во вас. Докажете како се сака, чува и брани Македонија!

ПРИМ. Д-Р  Б. ДАМЕСКИ

Loading