ТАНЦОТ НА СТРУМИЧКИТЕ ВОДОПАДИ

9269 1142200129141041 5074664370036164147 n-768x432

Малкумина знаат дека во земјава има дури 150 водопади. Непознат е податокот дека водопадите се места каде што се празнуваат верските празници. Многумина таму лекуваат болести, ја испраќаат зимата и ја дочекуваат пролетта.

Во општината Ново Село, струмичко, скриено во длабока шумата, бегајќи од погледот на човекот, почнува приказната за Смоларскиот водопад. Беласица буквално го затаила од човекот, бидејќи единствено тој успеал да се искачи на 650 метри надморска височина, на 300 скалила и да мине најмалку илјада чекори, за да го остави своето пластично шише од сок или лимената конзерва од пиво. Стои како лута рана што ни бистрата вода не може да ја измие.

kolesinski vodopad

На зајдисонце, планинскиот воздух го одзема здивот. Потребна е и кондиција. Многумина сакаат да се вбројат во љубителите на природата кои минале да го видат водопадот. Во бескрајната тишина, се слуша жубор во мигот кога се отвора погледот на водопадот. Се гледа карпа низ која се лизга водата, светкајќи како вечерно небо исполнето со ѕвезди. И ветрот подзастанува да се почувствува предизвикот на авантурата. Смоларскиот водопад е еден од неколкуте водопади на Беласица. Другите, планината ги крие во своите пазуви на тромеѓето меѓу Македонија, Бугарија и Грција додека сонуваната приказна станува јаве низ пенливата вода што се сметнува од карпата, висока над 40 метри. Мислите исчезнуваат од свеста и запловувате во една ,,бестежинска состојба,, кога и душата и умот се чистат и се освежуваат…

Ретки се туристите, кои слегуваат од мостот и се спуштаат до водата. Се чувствува љубомора, бидејќи ниту илјада зборови не ја доловаат една фотографија. Убавината не се опишува, туку се доживува. Смоларскиот водопадот блеска најсилно во пролет.

smolare

Општината Ново Село од 2003 година, со помош на Фондацијата ,,Институт отворено општество Македонија,, го реализира проектот Смоларски водопад. Патеката од камени скали и дрвена ограда почнува веднаш над селото и води до водопадот. По патеката ,,облепена,, со лисја паднати од високите буки, мами илузија на некој поинаков простор, на нестварна убавина и бескраен мир низ шумот на водата. Нагоре се качува до  тајниот живот на планината.

На неколку километри западно, откако ќе се минат селата Мокрино, Мокриево и Борисово, е селото Колешино. Колешинските водопади се посебни. Атмосферата што ја создава слапот вода кој паѓа преку врвот на една црна карпа тера на воздишка и препуштање на медитација. Се наоѓа на 500 м.н.в. Водата се урива од 15 м. и со широчина на падот од околу 6 м. Над силниот водопад, на 100 метри се наоѓаат уште неколку помали распоредени во низа, високи од 2-4 м. Коритото не е оградено.По патеката се распоредени мали летниковци и клупи.

Колешинските водопади се на листата на заштитени подрачја, споменик на природата.

smolarki-2

Loading