СОНЧАЊЕ И КАПЕЊЕ, ПОТОА ПЛАЌАЊЕ

ЈК Травел Прилеп

viber image 2021-05-26 14-20-05

Долгоочекуваното лето по едногодишната пауза од ковид пандемијата, може квалитетно и поволно да се мине со понудите на ЈК Травел Прилеп. Прво сончање и капење, а потоа плаќање. Реномираната туристичка агенција од Битола, позната со атрактивни туристички понуди, конечно отвори своја канцерларија и во Прилеп. Сите информации, резервации и понуди сега им стојат на дланка на прилепчани во канцеларијата лоцирана на ул. ,,Јоска Јордансоки,, бр. 3. Всушност, на старата локација од Балкан нет, сега е ребрендираната туристичка агенција во која клиентите ги пречекуваат искусните и љубезни туристички работници, Митко Златески со 15 годишно искуство и Драган Чоловиќ кој една декада веќе навлегол во финесите на туристичкото работење.

Преку ЈК Травел Прилеп заинтересираните може најлесно и едноставно со ПЦР тест од 900 денари, да летуваат во Грција или пак со бесплатен ПЦР тест во Турција. Располагаат со избор на аранжмани на хотелско и апартманско сместување во Грција, Турција, Албанија, Црна Гора, како и викенд понуди и патувања на далечни дестинации. Нудат одмор на одложено плаѓање.

– Нудиме огромна поволност. Прво летување, па потоа плаќање со франшиза преку С/Н финансиското друштво. Односно бескаматен кредит до 6 месеци на рати. Цената на понудата се дели за плаќање на 6 рати. Речиси сите сместувачки капацитети се на одалеченост до 150 метри од плажата – објаснуваат од ЈК Травел Прилеп.

Понудите содржат апартманско и хотелско сместување во Грција, Албанија. Грција останува атрактивнат. За секој аранжман се добива бенифициран ПЦР тест за 900 денари. Нудат апартманско сместување во Грција на Касандра, Јонскиот брег и  Ситонија.

viber image 2021-05-26 14-20-26

– За прескокнување на процедурата со ПЦР тестови се препорачува летната понуда за Албанија. Вили, односно апартманско сместување во ново изградени објекти во Ксамил и Валона и хотелско сместување низ целото албанско крајбрежје. За Турција нудиме чартер понуда со ултра ол инклузив или ол инклузив, односно сé вклучено. Тоа е одлична дестинација, со огромна гостољубивост. Предност е за прифатлива цена да се добие услуга со авион, без замор од долго патување со автомобил, сместување во хотел на база олл инклузив се вклучено, со појадок, ручек, вечера, ужинки и неограничени пијалоци, некаде само локални некаде увозни во зависност од хотелот односно цената. Ги нудиме хотелите од анталиската ривиера, Кемер, Белег, Сиде, Лара, Аланија – велат од ЈК Травел Може да се користат сите неискористени ваучери за летувања од лани. За нив важат истите поволности. Претежно нудат 7 дневни аранжмани за закупите на апартманите. Нудат организиран автобуски превоз со можност за поаѓање од Прилеп. Продаваат и авионски билети. Организираат и викенд понуди во земјава, како и мини одмори за продолжените празнични викенди за 18 јуни, Духовден или 2- август, Илинден.

viber image 2021-05-26 14-20-22

ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ

Организираат патување на далечни дестинации. Од 23 јули до 6 август може да се патува во Бразил. Понудата содржи повратен авио билет Белград – Сао Паоло – Белград и пет ноќевања со појадок во Сао Паоло и шест во Рио Де Жанеиро.

ПЦР тест за 900 денари

Со ЈК Травел се патува во Грција. За секоја направена резервација, ПЦР тестот е само 900 денари.

– Брзо, едноставно и најевтино закажуваме ПЦР тест при секоја резервација за Грција. За клиентите го пополнуваме  ПЛФ документот за влез во Грција. Образецот со лични податоци, траење и адреса на престој во Грција  може да се покаже во отпечатена верзија или од мобините телефони – објаснуваат од ЈК Травел Прилеп.

Loading