СЕ ПОДОГОТВУВА „СВЕТУЛКИ“

Ансамблот на театарот

del od probite

 

Ансамблот на театарот ја подготвува претставата ,,Светулки,, по текст од Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова. Пробите се необични, оти се експериментира на отворено, навикнувајќи се на новите правила.

-Текстот третира актуелни прашања поврзани со индивидуалната потрага на животниот пат. Драмата претставува предизвик за секоја театарска продукција. Протагонистите се заглавени на аеродром, на половина пат до конечната дестинација и не можат да продолжат поради неочекуваното невреме. Заглавени, ги преиспитуваат животните желби, минатото, за кое копнеат но и сакаат да го заборават. Носат одлуки кои ќе им го променат животот и светоглед. Накусо текстот е за изгледот на  животот во 21 век на неколку различни генерации и социјални профили -вели режисерката.

Претставата треба да оствари интимната врска со публиката преку откривањето на едноставните животи во контраст со содржината на тежината.

Милошевски – Попова првпат со задоволство соработува со прилепскиот ансамбл. Играат Марјан Чакмакоски и другите помлади актери.

Loading