И ЛАБОРАНТОТ ПОДАДЕ РАКА ДА ДАРУВА КРВНА ПЛАЗМА ЗА СПАС ОД КОВИД 19

Бобан Чапрагоски (28), медицински техничар во Одделението за трансфузиона медицина

Koga kolegata ke stane pacient

Меѓу хероите кои даруваа крв за конвалесцентна плазма се вброи и Бобан Чапрагоски (28), вработен во Одделението за трансфузиона медицина во Прилеп. Ја покажа својата хуманост како доброволен дарител. Повеќе од една година, како лаборант, тој секојдневно им вадеше крв на прилепчани кои ја победиле короната, а со антителата кои ги имаат, сакаа да им помогнат во лекувањето на потешките пациенти заболени од вирусот Ковид 19. Ги боцкаше, им земаше крв, ги храбреше своите сограѓани, за да дојде момент и тој да стане пациент, да ја почувствува улогата на донатор на драгоцената течност со која се спасуваат животи. Ја подаде и тој раката за да дарува крв за конвалесцентна плазма.

– Откако е почната пандемијата секојдневно вработените во ОТМ (одделението за тансфузиона медицина) Прилеп се соочуваме со предизвикот да им помогнеме на заболените од короната да ја совладаат полесно болеста. Редовен крводарител сум, кој се соочи со вирусот и откако прележав се одлучив за дарување на конвалесцентна плазма со цел да им се помогне на болните со потешка клиничка слика. За овој хуман гест се решив, пред се како здравствен работник и се надевам дека ке бидам поттик за сите останати кои прележале и се во можност да даруваат. Исто така, и мојот колега Стеванче Петрески даруваше конвалесцентна плазма. Благодарение на раководителот на ОТМ Прилеп, Др. Виолета Јованоска, дарителите и целиот персонал обезбедени се доволни количества  конвалесцентна плазма. Се надеваме дека ќе продолжи интересот за дарување. Сите кои прележале и се на возраст од 18 до 60 години и немаат хронични заболувања слободно можат да се јават секоја среда  во  8 ч. за испитување на антитела и ако ги исполнуваат условите да даруваат крв. Огромна благодарност до сите досегашни дарители и охрабрување до сите кои сакаат да даруваат, со надеж дека брзо ќе заврши пандемијата – вели Бобан Чапрагоски, ланораториски техничар во ОТМ Прилеп.

Boban Capragoski - stana pacient i  daritel na krvna plazma

Одделението за трансфузиона медицина од Прилеп е дел од проектот за дарување и лекување со конвалесцентна плазма кај заболени од Ковид 19. Досега над 200 прилепчани ја покажале хуманоста и откако оздравеле од короната, дарувале крв за крвна плазма за лекување од ковид-19. Секоја среда наутро во одделението доаѓаат лицата кои прележале Ковид 19 и има поминато повеќе од 28 дена од последниот ден на изолацијата и кои се здрави за тој период. Се земаат примероци од крв каде се вршат сите потребни биохемиски анализи, присуство на антитела  и останати испитувања за да може да се утврди дали лицето е погодно за доброволен дарител. Прилепчани доброволно, сами доаѓаат во одделението со една голема желба, несебично и од срце да помогнат на болните со ковид 19 да ја совладаат болеста.

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

Бобан Чапрагоски се најде на фејсбук профилот на ОТМ (одделението за тансфузиона медицина) Прилеп. 

,,Хероите на денот се доброволните дарители. Бобан Чапрагоски, вработен во ОТМ Прилеп, редовен крводарител, кој цело време посветено работи, откако го победи Ковид 19, даруваше крв за конвалесцентна плазма. Хуман меѓу најхуманите, во услови на пандемија, порача во 2021 да биде крајот на пандемијата со Ковид 19. Се гордееме со Тебе Боби! Поклон до земја  и големо  БЛАГОДАРАМ,, – напишаа на ФБ.

Loading