27 АПРИЛ 2017

pismo-2

Народе македонски, не прашувај за кого бијат камбаните. Почекај уште малку, па ќе видиш што ти подготвува оваа коалиција. Оваа тиранска платформа нé води во друштвото на народи кои исчезнуваат. Во македонскиот парламент се пееше туѓа химна, албанската. На бирото во кабинетот Џафери постави две албански знамиња, а меѓу нив книга со макета на Голема Албанија (во која е и Македонија).

Жална Македонијо, до кога ќе ги хранеш оние кои уште жалаат за твојот џелат и му креваат триметарски споменици. Членовите, Курди, во турскиот парламент беа осудени на 15 години затвор затоа што заклетвата ја дадоа на курдски јазик. Така се штити државата на секој предизвик.

Џентлеменски договор – држава за гласови. Европски преставник им порача: направете го тоа на балкански начин. И така го направија, подло, нециливизирано, незаконски. Очекувани жестоки реакции со очекувани последици. Терористите станаа власт, а бранителите осудени како терористи.

Во тие бурни денови и ноќи,на прилепскиот плоштад на говорницата пред неколкуте илјади присутни, го реков следното: ,,Досегашниот наш молк не беше глас на простување или одобрување, туку омраза и презир,,. Просто го гонат пристојниот човек на инстиктивно застанување во одбрана. Спасот на државата нека биде најважен закон. Тоа значи кога државата е во опасност, сите други закони не важат. Се злоупотреби трпението на македонскиот народ и во законодавниот дом се случи народ. Што сакаат, нека мислат и кажуваат нашите, одродените наши и меѓународните, употребувајќи ги зборовите насилство и насилници. Одбраната на државата не е насилство, туку обврска и должност, жесток отпор кон сите што извршија парламентарно насилство. Насилството е легално доколку група луѓе се борат против друго насилство. Тогаш сите средства за одбрана се дозволени. Оние цврсто решиле на нечесен начин да дојдат на власт. Македонецот цврсто решил тоа да не им го дозволи.

Господа од ЕУ и НАТО, не водете политика на двојни стандарди, поради неблагодарното малцинство. Менувајте ги шаблоните на однесувањето кон оваа суверена држава Македонија и однесувајте се само како дипломатски претставници. Досегашното ваше однесување е злонамерно, кукавичко и потценување на мојата земја и мојот народ. Европо, ако не беше слепа, немаше да бидеш нема. Европски преставници, тргнете ги фереџињата за да ја видите вистината. НАТО и ЕУ можат да бидат само средство за заштита и унапредување на македонскиот идентитет, а не алтернатива. Не бараме повеќе писмена дозвола од странци да ја браниме и одбраниме нашата Македонија.

ПРИМ.ДР Б.ДАМЕСКИ

Loading