МАКЕДОНИЈА Е ЉУБОВНА ПРИКАЗНА

pismo-2

,,Таму каде што вечно сјае Сонцето, тука е ова Божјо чедо -Македонија. Чувајте ми ја Македонија,,. Ова го рекол л Александар Македонски кога ја почувствувал смртта. Мит, легенда или вистина.

На градскиот стадион во германскиот град Дуисбург на семафорот пишува – Македонија. Голема мотивација за голема победа на македонската фудбалска репрезентација над неколкукратниот светски и европски првак, Германија. ,,Се случи чудо,,. Ова го објавија светските весници. Не, љубовта прави чуда, љубовта кон својата Македонија.

На Мечкин камен и на Ножот директно признание од непријателот: Три плутони за хероите, саможртви за својата Македонија.

Париз, меана со убаво име ,,Утро,,. Последна средба на неколку млади момчиња, Солунските атентатори. ,,Налеј, налеј меанџике од рујното вино, и ние сме деца на Македонија, и ние имаме право да живејме,,. Љубов на прв поглед. Меанџиката останува цел живот не мажена и умира 1938 година. ,,Зошто ме остави засекогаш,,за неа. Зар таа те сакаше повеќе од мене. Не, ти ја сакаше повеќе од мене – Македонија,,.

,,Пиев за да ја заборавам, да престане да ме гони нејзината слика,, – ми рече мојот пријател, иселеник. ,,Но, во лош час. Зошто кога бев пијан, ја гледав трипати поголема мојата Македонија. Исто како што треба да биде кога сум трезен. Плаче срце од три страни што крвари многу години. Солзи сами капат, прости ми…,,.

Издржа срцето на Васка. Саркастично ги погледна бугарските убијци и им одговори: ,,Не, не е тој. Борците за Македонија не умираат (а беше тој). Син ти се мајко ожени за една македонка поробена,,.

Паднатите борци на Карпалак ги носат во Прилеп на плоштад. Плоштадот грми од аплауз и врне од солзи. Плачам и аплаудирам. Така се сака Македонија наши доброволци, наши херои.

Реки од крв и солзи, илјадници, сираци. Слушате ли вие великодушни дарители, вие што правите есап без крчмар со вашите комшии. Свесни ли сте дека сте директни учесници во умирањето на нашата Македонија. Кој ви го дозволи тоа? Не трудете се да не ништите, зошто со вас и вашите приврзаници сами се ништиме. Немојте да не понижувате и да не навредувате. Зарем не сме доволно бедни и мизерни. Немојте да не негирате. Зарем не гледате дека самите се негираме и множиме со нула.

Вие нема да исчезнете како да не сте постоеле. Вие ќе исчезнете како да сте постоеле. А тоа не е исто. Само ќе се збогати македонската историја со имињата на злосторниците.

ПРИМ. ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading