КОЈ ЌЕ НЕ СПАСИ НАС ОД НАС

pismo-2

Иако живееме во 21 век, и денес во светот многу луѓе страдаат во рацете на поединци, чија психопатска природа или идеолошка страст бара потчинување или поништување на оние со кои владеат. Мотивите кои ги покренуваат диктаторите, никогаш не умираат. Тажно е што тоа не може да се каже за нивните жртви. Ниеден диктатор во светот кој работел против сопствената држава и народ, не доживеал длабока старост.

,,Вие зборувајте за мене што сакате, а јас ќе правам со вас што сакам,,. Вака се обратил Гај Јулије Цезар на демосот. Но, набргу тие направија со него, што сакаат. Го убија.

Николај и Елена Чаушеску како кучиња беа стрелани од оние над кои владееја со апсолутна власт и огромно богатство.

Сталин, кој уби повеќе милиони Руси, од Хитлер, последните моменти кога почувствува дека е отруен, не му помогна заканата со прстот.

Садам Хусеин молеше да биде стрелан, а не обесен.

Слободан Милошевиќ, Анастасио Сомоза, Мао Це Тунг…, и да не набројувам повеќе, сите платија за злосторствата над сопствениот народ и држава.

Падот на секоја власт почнува кога ќе помислат дека народот е глупав. Да се откажеш од сé што ја чини една држава е лудост во однос на она што треба да добиеме. Измислениот спор со Грција и Бугарија го прифативме како вистински спор. Преку приватизирани разговори и договори бараме решение. Се жртвуваат националните интереси на државата. Реформите во образовниот систем се измислени во интерес на Грција и Бугарија. Не се гледа иднина на Македонија, ако не одработуваат за носителите на суверенитетот. Им го честитавме трети март, државниот празник на Бугарија кој алудира на голема Бугарија, во чиј состав е и Македонија. Немаме храброст затоа што немаме историско знаење, а тоа доаѓа од тоа што системот на вредности е урнат преку политичкиот систем. Мора да си ја вратиме државата, а политичките партиски калкулации, исто како да не постојат. Прекин на преговорите и разговор по принцип на суверенитет, затоа што сме суверена држава.

ПРИМ.Д-Р  Б. ДАМЕСКИ

Loading