КАДЕ ИСЧЕЗНАА ПАТРИОТИТЕ

 pismo-2

Лошо успевам да ги кријам емоциите. Ја заборавивме ЕУ, а оваа Северна е туѓа. По смртта на Сталин, на конгресот на КП на СССР, претседателот Никита Хрушчов силно го искритикувал Сталин за злото што им го нанесол на сопствениот народ и државата.

,,Каде бевте тогаш тоа да го кажете,,. Се слушнал глас од присутните.

– Кој го рече ова- прашал Хрушчов, додека во салата бил мртов молк.

,,Јас бев таму каде што си ти сега,,.

На територијата на Македонија има власт која се претставува од името на државата РСМ. Таа ја погази граѓанската волја за непромена на името. Ако нé доведоа до ситуација сами така да се нарекуваме, ние сме за жалење. Како може друга држава да í каже на Македонија што да прави. Ништо не научиле од минатото, инаку ќе се однесуваа поодговорно. Како политичари, чуствувајте го товарот на одговорноста. Што е најдрагоцено во светот? Да не учествуваш во неправдата. Би било подобро да гледаме со сопствените очи.

НЕ ПРАВЕТЕ НИКОГАШ НИШТО ШТО Е ПРОТИВ ВАШАТА СОВЕСТ, ДУРИ И АКО ТОА ГО БАРА ОД ВАС И ДРЖАВАТА.

Во колкава мерка сенките од минатото досегаат до сегашноста. Сето минато Македонија го откупи со страдања. Остана само жилавата упорност на човек навикнат да страда. Зарем повеќе не вреди да влијаеш на текот на денешните настани.

Каде исчезнаа патриотите? Не, не исчезнаа, само се осамени. Ги има многу малку. Остана само по некоја копија. Не исчезнаа патриотите, само исчезна во нив патриотизмот во замена за привилегираната партиска книшка. Ова боли. Луѓето го изгубија вкусот за морални и убави дела. Никогаш нема да станам скептик. Сакам да учествувам во настаните. Не смееме да стоиме беспомошни и немоќни.

Бугарија и Грција. Кој сте бре вие да ја негирате или присвојувате Македонија? Уште не бевте во памперси кога Македонија беше најголема империја. Говор на омраза! Каков говор на омраза. Има ли поголема омраза од ова што и го правите на Македонија. Историски надлежните треба партал да ве направат. И ќе ве направат. Покажете ми ја таа земја која во војна не прави планови да се прошири.

Бездната повторно си ги вика своите деца. Да му веруваме на еден ГРАМШИ: ,,Вистината секогаш е револуционерна,,. Да се води здрава и паметна политика, не е потребно само да ги познаваме луѓето. Треба и да ги сакаме.

ПРИМ.Д-Р. Б. ДАМЕСКИ

Loading