СЛЕДНИОТ ПАТ КОИ ЌЕ БИДАТ ЕВРЕИ, А КОИ ГЕРМАНЦИ

pismo-2

Само прашувам – и продолжувам, а кои ќе бидат идните квислинзи? И ним им стана здодевно да бидат никаквеци. Гревовите не се наследни, но паметењето е вечно.

Воодушевување и честитки од сите страни: Германија реши  да прими милион бегалци. Мислите поради недостаток на работници? Се сомневам. Германија подигнува споменици за шесте милиони истребени Евреи, осудувајќи се себе си. А толку е тешко да си судиш сам. Признавање на гревот е надчовечко чувство за извинување.

ХОЛОКАУСТОТ МОЖЕ ДА СЕ ПОВТОРИ, МОЖЕБИ НЕ ВО ИСТА ФОРМА, НО МОЖЕБИ МНОГУ СЛИЧНО.

На 29 км од ресенското село Подмочани, пред селска меана, нелегално ја изгубивме нашата раскошна македонска антика, името Македонија, придавката македонски, македонското малцинство, непокорот, достоинството. Гледаме грчки подигнати палци и аплаузи во знак на победа. Без око да ни трепне, додека сме загреани за раздавање продолжуваме: македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот, македонската историја почнувала од 1944 година, во Бугарија нема македонско малцинство, бидејки не постојат Македонци, туку само македонски Бугари, нема македонски револуционери, нема преродбеници, сé е бугарско. Повеќе невреди за овие злосторства да се пишува.

Некогашната премиерка на Израел рече: ДА СЕ БИДЕ ИЛИ ДА НЕ СЕ БИДЕ, НЕ Е ПРАШАЊЕ НА КОМПРОМИС. ИЛИ БИДИ, ИЛИ НЕ БИДИ.

Уште недостасува и образовниот државен удар да расчисти со историјата.   На ред е пописот. Ќе постои ли во него Македонец? Во никој случај. Ќе се лутат комшиите за непочитување на некојси потпишан договор. При пописот ќе се бројат овците, а за млекото и волната ќе ги делиме по потреба. Случајно да не заборавам да ја спомнам и двојазичноста Морале да бидат колку што сакале.

Уште еден интересен пример. Хрватска не дозволи четворица европарламентарци да го проверат односот кон мигрантите на границата со Б и Х. Така се штити суверинетот на сопствената држава. А ние колку сме способни да коленичиме и пред најситното штрафче на меѓународната заедница.

Потсетување. Нашиот сограѓанин Коста Саруфте ја спаси Еврејката Ангелина (Нина). Двајцата живееја од просење, во тенекиена импровизација покрај реката. Коста знаеше да речи: ,,Јадев чотек од Србите, (на Василије Трбиќ, градоначалникот, му рекол зарем со матарка ве каневме да дојдете?), јадев чотек од Бугарите (А бре вие дубидус нé ослободивте), се токмам да јадам чотек и од овие денешниве,,. И јадеше чотек и од нив, викајќи по прилепските сокаци: ,,Смрт за новите чорбаџии”, бидејќи знаеше на каков начин го постигнаа тоа. ,,Паметен будала” – велеа прилепчани.

ПРИМ. Др. Б.ДАМЕСКИ

Loading